
Откако беше соопштена информацијата за смртта на Мајкл Џексон, дури девет од неговите десет албуми се најдоа меѓу првите на листата на најпродавани.
Се проценува дека ѕвездата ќе заработи повеќе пари по смртта, отколку додека беше жив, при што се прават споредби со Елвис Присли.
Американските медиуми пишуваат дека Мајкл Џексон веќе со години се обидувал да ја поправи својата финансиска состојба, што многу тешко го остварувал, па сега се јавуваат информации за неговите наводно големи долгови. Неговиот долг на даночните американски власти и на банките во четвртокот изнесувал фантастични 400 милиони долари.
Меѓутоа, веднаш по веста за смртта на ѕвездата се’ што и најмалку има врска со името на Мајкл Џексон станува многу барано и веднаш добива купувачи.
Дискографската куќа Apple уште во петокот го објави податокот дека албумите на Џексон за миг ги заземале деветте места меѓу десетте најпродавани. Албумот „Трилер“, кој и досега беше најпродавана плоча во историјата, е неприкосновено на врвот.
Педантните американски статистичари забележуваат дека во последните два дена е продадено повеќе стока која е во поврзаност со култот на Мајкл Џексон, отколку за сите последни 11 години. Се продава се’, од беџови, маички, приврзоците, до имитации на неговите бели ракавици и други карактеристични делови на неговата облека.
Американските медиуми пишуваат дека неговите наследници ќе заработуваат многу од митот за Мајкл Џексон, но и од песните на „Битлси“, чиј каталог го откупи во 1985 г. за 47,5 милиони долари. Тој сега е проценет на 1,5 милијарда доалри и годишно може да донесува заработка од 80 милиони долари. Станува збор за огромни суми, бидејќи освен продажбата на цедеа, дивидија, како и други предмети со неговото име, се надоврзуваат и тантиемите од неговите песни и од песните на „Битлси“. Проценката е дека за 25 години, Мајкл Џексон, од музиката, вклучувајќи и ги и концертите, заработил повеќе од 700 милиони долари.
Сега се поставува прашањето кој ќе го наследи имотот Неверленд и други антиквитети и недвижнини кои се проценуваат на милионски износи.
Според законите на државата Калифорнија, бидејќи во моментот на починувањето Мајкл Џексон не бил во брак, сите права и обврски ги наследуваат неговите три деца. Затоа, се претпоставува дека ќе се води голема битка кој ќе го добие старателството над нив. Дури и да оставил тестамент, што се’ уште не е потврдено, целиот имот минува на децата, за кои се претпоставува дека и формирал фондација.
Мајкл Џозеф Џуниор и Парис Мајкл Кетрин се родени во бракот со Деби Роув, која се има откажано од родителските права, а во саботата запрашана од медиумите одговорила дека - ги родила, но не се чувствува како нивна мајка. Но бидејќи во прашање се огромни износи, не е исклучено таа да побара старателство врз двете деца, и покрај вчерашната изјава дека се откажува.
Најмалото дете на Мајкл, Принц Бланкет Мајкл Втори, е од сурогат мајка, која не е идентификувана. Некои медиуми шпекулираат дека старателството над децата ќе го побара мајката на пејачот, Кетрин Џексон, за што правници рекле дека не би имала притоа посебен проблем.
Магазинот Forbs донесува статија во која има мислење дека брендот Мајкл Џексон ќе заработи многу повеќе постхумно, отколку додека беше жив. Неговите економски аналитичари проценуваат дека може да се случи дури и да го надмине неговиот пример Елвис Присли. А според податоци на магазинот, околу името и опусот на Присли само во 2008 г. биле заработени 52 милиони долари.
Но, тука се и долговите и некој што ќе изгуби. На пример, концертниот промотор AEG Live кој е организатор на неговите 50 концерти во Лондон, ќе мора да врати 90 милиони долари за веќе продадените влезници. Тие изјавиле дека веќе изгубиле 30 милиони долари кои нема да можат никако да ги повратат, кои биле вложени во организацијата на настапите во Лондон. Мајкл Џексон, исто така, има и долгови од позајмици, па се очекува да се види како тоа ќе биде вратено.
Коментари (0)

Напишете коментар

Можеби сте пропуштиле:
- 26/06/2009 23:22 - Контроверзна смрт?!
- 26/06/2009 00:30 - Почина Мајкл Џексон
- 24/06/2009 16:29 - Камерон доби ѕвезда
- 23/06/2009 14:42 - Виновен
- 22/06/2009 21:59 - Северина на саем за еротика
Случајно избрани
KLIKAJ.com.mk
Весели статуи

|
Десетте најинтересни, најчудни, највесели, како сакате наречете ги, статуи во светот... Види...

|
Десетте најинтересни, најчудни, највесели, како сакате наречете ги, статуи во светот... Види...
Фраерско ловење риба

|
Ловење риба на фраерски начин. Ова не е рибарска приказна, да видиш да не веруваш. „Рибаров“ од опрема користи само хеликоптер.... Види...

|
Ловење риба на фраерски начин. Ова не е рибарска приказна, да видиш да не веруваш. „Рибаров“ од опрема користи само хеликоптер.... Види...
Ferrari излегува од F1

|
Иако ФИА ги стави на листата тимови за следната сезона на Формула 1. Од Ferrari се огласија со изјава дека... Види...

|
Иако ФИА ги стави на листата тимови за следната сезона на Формула 1. Од Ferrari се огласија со изјава дека... Види...
Мелем за очи

|
За жал видот е единственото сетило на љубителите на автомобили за кое ќе биде достапна оваа прекрасна, спортска, ултра модерна... Види...

|
За жал видот е единственото сетило на љубителите на автомобили за кое ќе биде достапна оваа прекрасна, спортска, ултра модерна... Види...
Google тужи Македонец

|
Беџет Муслија, иако во кривична постапка е казнет со 1.000 евра поради употреба на името на туѓа фирма, сега ги... Види...

|
Беџет Муслија, иако во кривична постапка е казнет со 1.000 евра поради употреба на името на туѓа фирма, сега ги... Види...
Анкета
Мобилниот телефон најмногу го користам за:
Слушај радио Online
|
КЛИКАЈ Речник
|
|
Последни Наслови
-
Слатка одмазда Еден оператор на кран разбрал дека...
-
Нова мода на слушалки Ви претставуваме галерија со 15 модели...
-
BMX изум Најновата и најсовремената направа...
-
Кај ми отиде другарчето?!? Имате автомобил со силен мотор, сакате...
-
Компилација незгодни случувања Ви претставуваме компилација од Најнезгодните...
- 1
Најкликани
KLIKAJ.com.mk
Северина на саем за еротика

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...
Сексот низ бројки

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...
Како најбрзо до слава

|
Девојкава најсликовито илустрира како се станува славен преку ноќ. Иако беше невозможно да дознеаме која е :) ... Види...

|
Девојкава најсликовито илустрира како се станува славен преку ноќ. Иако беше невозможно да дознеаме која е :) ... Види...
Пет машки совети

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...
Моментално
Има 6 гости присутни



