Федерер ја смени историјата


Швајцарецот Роже Федерер влезе во историјата на тениската игра. Ја освои 15 гренд слем титула, го престигна Американецот Пит Сампрас и се врати на челната позиција на АТП ранг листата

Во неделното епско финале на Вимблдон тој славеше над Енди Родик со 5:7, 7:6, 7:6, 3:6, 16:14 во меч што траеше четири часа и 16 минути. Неговиот противник имаше неколку прилики да го добие натпреварот, а уште долго ќе го памети прокоцканиот втор сет и брејк можноста при 8:8 во гемови. Против Федерер во неделата Родик тоа мораше да го искористи.

„Среќен сум што заврши бидејќи лесно можеше да се случи да играме уште неколку часа. Ова беше неверојатен, луд меч“, изјави Федерер веднаш по мечот.

Федерер испиша уште една страница во тениската историја. Чудесниот Швајцарец од Базел го освои шестиот вимблдонски трофеј во последните седум години што за него е рекордна 15 Гренд слем во кариерата во, повторно, рекордното 20 финале. Овојпат не плачеше, емоциите успеа да ги исконтролира во себе, а поучен од поразот во ланското финале од Надал се обиде да го утеши Родик.

„Енди, немој да бидеш премногу тажен. Играше неверојатен тенис. Навистина го мислам ова. Знам како се чувствуваш бидејќи истото го доживеав лани против Надал, но денеска едноставно бев посреќен на теренот“.

Ова беше трето финале на Вимблдон меѓу Федерер и Родик и трета победа на Швајцарецот по 2004 и 2005 година. Разлика е што овојпат Американецот беше најблиску до титулата, во тај-брејкот во вториот сет водеше со 6:2 и имаше четири можности за водство од 2:0. Во мечот загуби само еден гем на сопствен сервис и тој еден се покажа доволен да остане со празни раце и во третото финале на лондонскиот гренд слем. За Федерер (27) оваа е јубилејна 60 турнирска победа во кариерата, трета оваа година по Мадрид и Ролан Гарос и го одигра 82 финале. Го повтори ланскиот успех на Надал и стана само четвртиот тенисер во историјата кој успеал да го однесе титулите на Ролан Гарос и Вимблдон. Покрај нив двајца тоа им појде од рака уште само на Род Лејвер во 1969 година и Бјорн Борг во 1978 и во 1980 година.

„Знам како е да се игра финале на Вимблдон и тоа во пет сета, но денешното искуство се разликува од она што го имав со Надал минатата година. Тогаш борбата воглавно беше со удари од основната линија, ова беше класична игра на трева која во најголем дел се состои од сервиси и ритерни. Бев фрустриран што не успеав да направам брејк до последниот гем, но можеби затоа сега и задоволството е поголемо. Вториот сет беше клучен. Работитен можеби ќе имаа поинаков тек ако Енди имаше водство од 2:0. Во таква ситуација веројатно тешко ќе се вратев во игра“, вели Федерер.

Првите 10 гема во финалето минаа брзо, за 25 минути. И Федерер и Родик сервираа одлично и не дозволија ниту една брејк прилика. Но, затоа петтиот сет имаше 30 гема и траеше 95 минути што е најдолг сет во историјата на мечевите за титулата на Вимблдон.

Родик го одигра петтото гренд слем финале и го доживеа четвртиот пораз. Откако победи во премиерното на Ју-Ес опен во 2003 година над Фереро, ги загуби сите четири наредни. Победничките трофеи во сите четири наврати му ги одзема токму Федерер, три пати во Лондон и еднаш во Њујорк во 2006 година. Во неделата Федерер и Родик ја имаа 21 меѓусебна пресметка. Билансот „дебело“ е на страната на швајцарскиот ас. Има 19 победи и само 2 пораза.

Во вакви мечеви статистика секогаш паѓа во втор план, но вреди да се нагласи дека Федерер забележа речиси двојно повеќе асови од неговиот противник (50-27). За високиот квалитет на мечот доволно говори и скорот на директни поени и неизнудени грешки. Федерер директно поентираше 107 пати и направи 37 кикса, Родик погоди 74 пати, а промаши 33.



текстот е превземен од „
Утрински Весник

Коментари (0)add comment

Напишете коментар
quote
bold
italicize
underline
strike
url
image
quote
quote
smile
wink
laugh
grin
angry
sad
shocked
cool
tongue
kiss
cry
намали | зголеми

busy

Следете не на:

 

Случајно избрани


Кој високо лета ниско паѓа

|
Преубава и сигурна во себе, со горд чекор гази по пистата. Добро е што имаше вода покрај неа да го... Види...
Парис во Мадрид

|
Светските таблоиди јавуваат дека Парис Хилтон се сели во Мадрид за да биде поблиску до Роналдо. Но тој не мисли... Види...
Брзи тестови за здравје

|
Со едноставен самопреглед може за кратко време да се утврди дали имате повишен холестерол, проблеми со белите дробови, циркулација, органите... Види...
Компилација незгодни случувања

|
Ви претставуваме компилација од Најнезгодните случувања за изминатиот месец (Февруари 2010 година). Гледајте и уживајте!... Види...
Хрватски автомобил во 2010

|
Во 2010 година загребската компанија „ Док-инг„ би можела да почне со сериското производство на првиот хрватски автомобил.... Види...
KLIKAJ.com.mk

Анкета

Мобилниот телефон најмногу го користам за:

Слушај радио Online


 

КЛИКАЈ Речник


Текст
Од:
На:

Видео на денот

Последни Наслови

  • 1

Најкликани


Северина на саем за еротика

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...
Сексот низ бројки

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...
Како најбрзо до слава

|
Девојкава најсликовито илустрира како се станува славен преку ноќ. Иако беше невозможно да дознеаме која е :) ... Види...
Топ 10 најжешки Мексиканки

|
Галерија + видео од десетте најсекси Мексиканки.... Види...
Пет машки совети

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...
KLIKAJ.com.mk

Моментално

Има 5 гости присутни