Ferrari излегува од F1


Иако ФИА ги стави на листата тимови за следната сезона на Формула 1. Од Ferrari се огласија со изјава дека нема да настапуваат следната сезона со најавените нови правила.

„Ferrari на 29 Мај предаде условна пријава за настап во Светското првенство на Формула 1, кој содржеше неколку услови. До денес тие услови не се исполнети. Иако Ferrari писмено побара од ФИА да не го вклучува Ferrari како безусловен учесник во натпреварите следната сезона, токму тоа се случи. За да го отстраниме секое сомневање, ние во Ferrari сакаме да потврдиме дека нема да настапуваме во натпреварувањето на ФИА под правилата кои се потпишани за следната сезона“- изјавија во јавното службено соопштение на тимот од Маринело.

ФИА сепак се повикува на потпишаниот долгорочен договор потпишан пред неколку години.

Според Ferrari, ФИА на листата на тимови за следната година ги стави и преостанатите девет постоечки: Williams и Force India кои пратија безусловно пријави, но и Red Bull, Ferrari и Toro Rosso бидејќи ФИА инсистира на спроведувањето на долгорочниот договор кои овие тимови го потпишаа пред неколку сезони. Тука секако ќе има проблеми, бидејќи Ferrari од порано најавуваше дека ќе превземе одредени контрамерки доколку ФИА се повика на тој договор. Досега Ferrari е подржан од Red Bull, кој исто така најави дека нема да настапува под тие услови.

Ќе има проблеми и со другите пет тимови: Brawn GP, McLaren, Renault, Toyota и BMW Sauber. И нив ФИА ги стави на листа за сигурни тимови за следната сезона иако и овие најавија дека ќе размислат за настап под новите правила.

На нив ФИА им надреди седумдневен ултиматум. До следниот Петок, 19 Јуни, тие би требало да ги повлечат своите условни договори и да пријават безусловни договори, ако не го сторат тоа ФИА ќе ги исклучи од натпреварувањето.

Ако остане ставот непроменет и кај двете страни, најмногу како и обично, ќе страдаат навивачите, љубителите на Формула 1.

Конечно, нови три тимови од следната сезона ќе бидат шпанскиот тим Campos Grand Prix, позади кој стои мексиканскиот милијардер Карлос Слим. USF1, американски тим кој го држи Питер Виндздор и Кен Андерсон и британскиот Manor Grand Prix, тим чиј влез е најголемо изненадување. Под името Manor Motorsport  тимот стана познат натпреварувајќи се во Формула 3. Ќе биде воден од Џон Бут и Ник Вирт.
 
Коментари (0)add comment

Напишете коментар
quote
bold
italicize
underline
strike
url
image
quote
quote
smile
wink
laugh
grin
angry
sad
shocked
cool
tongue
kiss
cry
намали | зголеми

busy

Можеби сте пропуштиле:

Следете не на:

 

Случајно избрани


BMX изум

|
Најновата и најсовремената направа за симнување на вишокот килограми, но и за .... Погледнете за што станува збор на видеото... Види...
За 3 песни 120 илјади фунти

|
Сузан Бојл наплаќа по девет илјади фунти за едноминутен настап. Шкотската сензација стана најпопуларната реалити-шоу (не)победничка во Обединетото Кралство. ... Види...
Синергија

|
„КОСМОФОН“ и „ОН-НЕТ“се спојуваат во една компанија со едно заедничко име. Ќе нудат нови услуги, како WiMax и IpTV, нема... Види...
Сексологија за глуви

|
Водителот ја објаснува секс техниката, а г-цата во аголот објаснува со јазикот на знаците за глувите гледачи. Иако е на... Види...
Кака во Реал Мадрид

|
И јас плачам како навивачите на Милан! Рикардо Кака е официјално и новиот играч на Реал Мадрид. Потпиша договор со... Види...
KLIKAJ.com.mk

Анкета

Мобилниот телефон најмногу го користам за:

Слушај радио Online


 

КЛИКАЈ Речник


Текст
Од:
На:

Видео на денот

Последни Наслови

  • 1

Најкликани


Северина на саем за еротика

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...
Сексот низ бројки

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...
Како најбрзо до слава

|
Девојкава најсликовито илустрира како се станува славен преку ноќ. Иако беше невозможно да дознеаме која е :) ... Види...
Топ 10 најжешки Мексиканки

|
Галерија + видео од десетте најсекси Мексиканки.... Види...
Пет машки совети

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...
KLIKAJ.com.mk

Моментално

Има 5 гости присутни