
Во Македонија засега нема регистриран случај на опасниот грип А H1N1, денеска и официјално на прес конференција потврди министерот за здравство Бујар Османи.
Според последните податоци на СЗО, во повеќе од сто земји во светот се регистрирани 79.339 лица инфицирани со вирусот Х1Н1 на грипот од типот А, од кои досега починале 337. Во САД оваа бројка достигна 27.717 заболени, а починале 127 лица. По САД, следуваат Мексико со 8.680 заболени и 116 починати, Канада со 7.983 заболени и 25 починати, Чиле со 7.342 заболени и 12 починати и Велика Британија со 6.929 заболени и тројца починати. Меѓу земјите со поголем број инфицирани лица се и Австралија со 4.568 заболени и деветмина починати, Аргентина со 1.587 заболени и 26 починати и Тајланд со 1.414 заболени и тројца починати.
Зарди овие состојби во Аргентина е воведена вонредна состојба и затворање на границите, а за поуспешно справување со грипот британските здравствени власти ќе ја променат тактиката што досега ја спроведуваа во борбата со заразата од вирусот, односно сомнителните случаи ќе останат дома и додека траат испитувањата лековите ќе им бидат доставувани на домашна адреса.
Се зголемува и бројката на заболени во Грција. Досега повеќе од 100 лица се заболени од грипот А, а повеќето од нив пристигнале во Грција со авионски летови од странство. Во Кипар има 10 нови случаи на грип, а во Парагвај е забележан и првиот смртен случај, додека заразени се 98 лица. Во Србија досега се регистрирани 15 случаи на лица инфицирани со вирусот на грипот А, од кои една третина веќе се излечени.
Експертите очекуваат кон крајот на летото Србија да се најде на најголем удар на вирусот, поради што оваа соседна земја се подготовува за справување со евентуалното масовно ширење на болеста.
Од министерството за здравство информираат дека граѓаните сите потребни информации ќе можат да ги добијат на отворениот телефон 02/3122-499.
„Вечер“
„Референтната лабораторија во Лондон вчера доцна попладне потврди дека во Македонија нема регистриран случај на грипот А H1N1. Останатите пациенти пак кои имаат грип од типот А, добиваат соодветен лекарски третман, добро ја поднесуваат терапијата и се опоравуваат“, појасни Османи.
Директорот на инфективната клиника Ѕвонко Миленковиќ, информираше дека четиригодишното дете од Австралија, што беше на гости во Прилеп, кое воедно беше првиот сомнителен случај, веќе е пуштено на домашно лекување.
Според Миленковиќ, освен тоа дете, вчера од Клиниката за инфективни болести на домашна нега бил пуштен и друг пациент, а во моментов таму се хоспитализирани петмина пациенти, кои се изолирани едни од други и примаат терапија.
Надлежните, како што пренесува Макфакс, денеска информираа и дека на скопскиот аеродром веќе е инсталирана термалната камера, а со неа ќе може да се детектираат сите патници кои имаат покачена телесна температура.
Напливот на нови сомнителни случаи за одговорните е очекувана работа, со оглед на сезоната на годишните одмори, кога има поголема фреквенција на пациенти.
Од тој аспект и понатаму до граѓаните се апелира да ги почитуваат превентивните мерки. Редовно да се мијат рацете, да се избегнува контакт со заболени лица. Доколку имаат симптоми на грип, веднаш да се јават на лекар.
Светската здравствена организација веќе информираше дека пандемијата се шири со умерен интензитет, но за сега не може точно да се предвиди дали и кога таа би можела да ескалира.
Од земјите во регионот, најголем број заразени за сега има во Грција, каде се регистрирани 117 пациенти со грип од типот А(Х1Н1).
"A1"
Коментари (0)

Напишете коментар

Можеби сте пропуштиле:
- 03/07/2009 02:39 - Машки митови
- 01/07/2009 23:44 - Грди кучиња
- 30/06/2009 16:04 - LEGO уметност
- 30/06/2009 13:41 - Писмо
- 28/06/2009 23:42 - Свински грип и кај нас?!?
Случајно избрани
KLIKAJ.com.mk
Кореја најави: Роботи наместо наставници

|
Ние имаме некои претпоставки дека наставниците роботи може да бидат на чело на училиштата порано или подоцна, но изгледа дека... Види...

|
Ние имаме некои претпоставки дека наставниците роботи може да бидат на чело на училиштата порано или подоцна, но изгледа дека... Види...
Маса+келнер+робот

|
Бидејќи да имаш келнери е тоолку не модерно, Јапонците( а кој друг) измислија начин да ја спојат добрата услуга со... Види...

|
Бидејќи да имаш келнери е тоолку не модерно, Јапонците( а кој друг) измислија начин да ја спојат добрата услуга со... Види...
Street Fighter манија

|
Сите оние кои ја играле аркадната игра Стрит Фајтер знаат за бонус нивоата каде би морале да искршите кола, така?... Види...

|
Сите оние кои ја играле аркадната игра Стрит Фајтер знаат за бонус нивоата каде би морале да искршите кола, така?... Види...
Бездомници

|
За 50 години 700 милиони луѓе ќе останат без домови. Заради глобалното затоплување, за поливина век стотици милиони луѓе ќе... Види...

|
За 50 години 700 милиони луѓе ќе останат без домови. Заради глобалното затоплување, за поливина век стотици милиони луѓе ќе... Види...
Рамбо мачка

|
Мачкава не се плаши од ништо, ако не ви е јасно по што го добила прекарот, погледнете го видеото. ... Види...

|
Мачкава не се плаши од ништо, ако не ви е јасно по што го добила прекарот, погледнете го видеото. ... Види...
Анкета
Мобилниот телефон најмногу го користам за:
Слушај радио Online
|
КЛИКАЈ Речник
|
|
Последни Наслови
-
Нова мода на слушалки Ви претставуваме галерија со 15 модели...
-
BMX изум Најновата и најсовремената направа...
-
Кај ми отиде другарчето?!? Имате автомобил со силен мотор, сакате...
-
Компилација незгодни случувања Ви претставуваме компилација од Најнезгодните...
-
Отвори се сезаме!!! Човекот изгледа прв пат во животот...
- 1
Најкликани
KLIKAJ.com.mk
Северина на саем за еротика

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...
Сексот низ бројки

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...
Како најбрзо до слава

|
Девојкава најсликовито илустрира како се станува славен преку ноќ. Иако беше невозможно да дознеаме која е :) ... Види...

|
Девојкава најсликовито илустрира како се станува славен преку ноќ. Иако беше невозможно да дознеаме која е :) ... Види...
Пет машки совети

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...
Моментално
Има 3 гости присутни



