Google тужи Македонец


Беџет Муслија, иако во кривична постапка е казнет со 1.000 евра поради употреба на името на туѓа фирма, сега ги подготвува документите за да ја продолжи битката против Google

Беџет Муслија, познат како Бени, од скопската населба Чаир докажа дека светот е глобално село кога светски најпознатиот интернет-пребарувач „Гугл“ покрена судски спор против него оти наводно ја „фалсификувал“ нивната интернет-страница.

Бени е креатор на интернет-страницата www.google.com.mk, која уредно ја регистрирал во Македонија. Светски познатата компанија регистрирана во САД веднаш реагирала и ангажирала адвокат во Скопје тврдејќи дека станува збор за кражба на интелектуалната сопственост. Бени, иако во кривична постапка е казнет со 1.000 евра поради употреба на името на туѓа фирма, сега ги подготвува документите за да ја продолжи битката против „Гугл“ пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. На нашата репортерска екипа не и' беше тешко да го пронајде Бени бидејќи тој се' уште се занимава со бизнисот на креирање и регистрирање интернет-страници.Тој се согласи да зборува за пресудата бидејќи се' уште верува дека е неправедно осуден.

- Станува збор за домен или адреса на интернет за која важи правилото кој прв ќе ја регистрира тој е сопственик. Идејата на почетокот ми беше сосема поинаква бидејќи во светот постојат брокерски куќи што тргуваат со домени. Веќе постојат и познати македонски имиња што се регистрирани како домени. За да станете сопственик на една од нив, треба да платите - вели Бени.

Од друга страна, адвокатот Валентин Пепељугоски, кој го застапувал „Гугл“, тврди дека во случајот има повреда на познатиот бренд, кој содржи заштитена трговска марка. Неофицијално, Бени сакал да му го продаде доменот на „Гугл“ за околу 50.000 евра.

- Обвинетиот при регистрацијата го користел брендот „Гугл“, која е светска позната фирма на веб-страниците, со цел да ги измами корисниците. Луѓето што сакаат преку ноќ да се збогатат не читаат дека во меѓувреме се менуваат прописите и се заоструваат санкциите за ваквите кривични дела. Оваа област е подложна на промени и сите нови конвенции се задолжителни за Македонија - вели Пепељуговски.

Бени, пак, тврди дека работел легално и оти уште во 2004 година добил лиценца од „МАРНет“ да го регистрира доменот www.google.com.mk. „МАРНет“ е македонскиот регистратор на поддомени, го води мрежниот информационен центар и е сопственик на врвниот домен за Македонија, доменот „мк“.

Во рамките на тој домен, „МАРНет“ може да регистрира поддомени на соодветни организации и установи.

- Ги почитувавме сите права, односно немаше нарушување на индустриската сопственост, плаќавме даноци и се' беше законски. Одеднаш испаднавме виновни. Нашиот сајт беше целосно одделен од „Гугл“. Ние не користевме жиг ниту пак ги користевме нивните услуги и бази на податоци за пребарување. Платформата не беше на „Гугл“ туку наша, а земено беше само името - објаснува чаирчанецот.Тој вели дека постојат многу такви сајтови во другите земји и легално се користат.

- Оштетени сме за неколку илјади евра бидејќи процесот над четири години се влечка по судовите. Ќе го повратам доменот преку процедурата во Стразбур. Веќе се консултиравме со странски адвокати кои ни потврдија дека станува збор за неправда - посочи Бени. Тој е револтиран што во судскиот процес не било дозволено вештачење на сајтот.

- Бизнис-софтвер алијансата, која е правен застапник на „Гугл“, писмено не' извести дека треба да го предадеме доменот оти не ни припаѓал нам. Од друга страна, самиот Пепељуговски има напишано во својата книга дека домените не спаѓаат во казниви дела за кражба на интелектуална сопственост - обвинува Бени.

Но, адвокатот Пепељугоски на тоа одговара дека ова правило не важи кога се работи за веќе пробиено и познато име. Тој е категоричен дека станува збор за кражба на интелектуална сопственост и употреба на туѓа фирма која има светско реноме.


Превземено од
„Дневник“

Коментари (0)add comment

Напишете коментар
quote
bold
italicize
underline
strike
url
image
quote
quote
smile
wink
laugh
grin
angry
sad
shocked
cool
tongue
kiss
cry
намали | зголеми

busy

Можеби сте пропуштиле:

Следете не на:

 

Случајно избрани


Грди кучиња

|
„Лице кое може само мајка да го сака“ е мотото на ова шоу, избор на најгрдото куче на светот. Верувајте... Види...
Пристигна новиот iPhone

|
Вечерва на конгресот на Apple во Сан Францинско беше претставен (старо) новиот iPhone 3G со наставка S. Какви новини носи... Види...
Епидемија во Македонија?!

|
Во Македонија засега нема регистриран случај на опасниот грип А H1N1, денеска и официјално на прес конференција потврди министерот за... Види...
Пази Бомбааа, упс!

|
Војникот имаше голема среќа зошто гранатата не беше вистинска бидејќи заврши... Погледнете!!! ... Види...
Фудбалска војна со кондоми

|
Лутите јужноамерикански противници Бразил и Аргентина во пресрет на својот натпревар во квалификациите за Светското фудбалско првенство во 2010 година,... Види...
KLIKAJ.com.mk

Анкета

Мобилниот телефон најмногу го користам за:

Слушај радио Online


 

КЛИКАЈ Речник


Текст
Од:
На:

Видео на денот

Последни Наслови

  • 1

Најкликани


Северина на саем за еротика

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...
Сексот низ бројки

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...
Како најбрзо до слава

|
Девојкава најсликовито илустрира како се станува славен преку ноќ. Иако беше невозможно да дознеаме која е :) ... Види...
Топ 10 најжешки Мексиканки

|
Галерија + видео од десетте најсекси Мексиканки.... Види...
Пет машки совети

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...
KLIKAJ.com.mk

Моментално

Има 3 гости присутни