На две години учат со кобри


Ова е една училница во која сите ученици мора да внимаваат. Да се биде само неколку сантиметри од отровна змија бара 100 проценти концентрација.


Шестгодишната Река Бае - како и сите останати деца во номадското племе Вади од западна Индија - за првпат имала контакт со кобрите на двегодишна возраст.

Сите деца од племето Вади поминуваат низ 10-годишен период на ритуална иницијација кои кулминираат кога момчињата стануваат комплетно истренирани за маѓепсување на змии.

Во племето постои полова поделба, при што маѓепсување на змиите со традиционална флејта е улога на машките, а жените ги преземаат змиите кога нивните сопрузи или браќа се отсутни.
 

Тренирањето почнува на две години, кога децата ги учат прастарите начини на заведување на змиите. На 12- годишна возраст децата знаат се за змиите и се подготвени за својата улога во заедницата и тогаш ја продолжуваат традицијата на племето Вади која е стара илјадници години и датира од времето на големите индиски кралеви - вели главниот тренер на змиите, Бабанат Митунат Мадари.

Номадското племе Вади кое живее во јужната индиска држава Гуџарат се гордее со својата умешност за скротување на отровните змии, посебно кобрите.
 

Тие никогаш не остануваат во едно место повеќе од шест месеци и имаат речиси митска поврзаност со змиите.

- Навечер седиме покрај огнот во пустината и раскажуваме како нашите предци направиле договор со Нага, богот на змиите. Им објаснуваме на децата како ги земаме змиите и ги држиме надвор од нивната природна околина најмногу 7 месеци. Држењето повеќе време значи непочитување на змијата, ако се има предвид дека дотогаш тренерот и змијата соработувале добро и си ги поверувале животите - објаснува 60-годишниот Мадари.

 

Кобрите се хранат со растителна мешавина со која целосно се ослабува нивниот отров, а отровните заби не им се вадат поради тоа што е сурово кон влекачите.

- За целиот мој живот со змиите, сум слушнал само за еден случај кога змијата укасала човек. Поради тоа не ги чуваме повеќе од 7 месеци - вели Мадари.

Во Индија во 1991 година заведувањето на змиите е прогласено за илегално и оттогаш племето Вади е прогонувано од индиските власти.

- Кога ќе не начекаат полицајците ни ги земаат сите змии. Сега живееме на 25 километри од Раџот и селаните не ни даваат ни храна ни вода. Револтирани сме од нивниот однос бидејќи тоа е родното место на Ганди, таткото на индиската нација. Дури ни тој не би ни забранил да продолжиме со традицијата - вели Мадари.

 

Коментари (0)add comment

Напишете коментар
quote
bold
italicize
underline
strike
url
image
quote
quote
smile
wink
laugh
grin
angry
sad
shocked
cool
tongue
kiss
cry
намали | зголеми

busy

Следете не на:

 

Случајно избрани


Слатка одмазда

|
Еден оператор на кран разбрал дека жена му го изневерува, па пошол во одмазда. А како може да се одмазди... Види...
Нова мода на слушалки

|
Ви претставуваме галерија со 15 модели на слушалки, од златни украсени со кристали и дијаманти до Hi-Tech слушалки. Повелете погледнете... Види...
BMX изум

|
Најновата и најсовремената направа за симнување на вишокот килограми, но и за .... Погледнете за што станува збор на видеото... Види...
Кај ми отиде другарчето?!?

|
Имате автомобил со силен мотор, сакате да се направите важни пред вашите пријатели и да ги запалите гумите?!? Пред да... Види...
Компилација незгодни случувања

|
Ви претставуваме компилација од Најнезгодните случувања за изминатиот месец (Февруари 2010 година). Гледајте и уживајте!... Види...
KLIKAJ.com.mk

Анкета

Мобилниот телефон најмногу го користам за:

Слушај радио Online


 

КЛИКАЈ Речник


Текст
Од:
На:

Видео на денот

Последни Наслови

  • 1

Најкликани


Северина на саем за еротика

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...
Сексот низ бројки

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...
Како најбрзо до слава

|
Девојкава најсликовито илустрира како се станува славен преку ноќ. Иако беше невозможно да дознеаме која е :) ... Види...
Топ 10 најжешки Мексиканки

|
Галерија + видео од десетте најсекси Мексиканки.... Види...
Пет машки совети

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...
KLIKAJ.com.mk

Моментално

Има 5 гости присутни