Пандемија на Свински Грип


СЗО прогласи пандемија на мексиканскиот грип. СЗО денеска прогласи пандемија на новиот вирус Х1Н1.

 Познат како свински или мексикански грип, ова е првпат по 41 година СЗО да прогласи пандемија поради вирус.

Одлуката уследи откако порасна бројот на заболени во САД, Европа, Австралија и во Јужна Америка.

Во соопштението што СЗО им го испрати на сите држави-членки се вели дека организацијата се одлучила да го подигне нивото на узбуна од петти на шести степен, што значи дека е прогласена глобална пандемија на свинскиот грип.

Одлуката е донесена по итниот состанок на членовите на СЗО и експертите посветен на борбата против вирусот Х1Н1.

Во Германија 30 соученици заразени од грипот А

Најмалку 30 ученици од едно меѓународно јапонско училиште во Дизелдорф се заразени од вирусот H1N1.

„На децата им е релативно добро, а двајца заразени се наоѓаат во тешка состојба“, изјави шефот на диселдорфскиот Завод за здравствена заштита Хајко Шнајтлер и предупреди дека можат да се очекуваат нови случаеви на болеста меѓу децата од тоа училиште.

Се уште не е познато како се раширил вирусот на новиот грип. Здравствените власти наведуваат дека уште минатата недела се разболел еден ученик чие семејство само што се вратило од одмор од Малта.

Семејствата на децата кај кои е потврден вирусот се наоѓаат во домашен карантин.

Јапонското училиште во Дизелдорф кои го посетуваат околу 500 деца во меѓувреме е затворено.

Во Северна Рајна-Вестфалија, најмногубројна германска покраина, чиј главен град е Дизлдорф во кој живеат повеќе од 18 милиони луѓе, бројот на заразени лица се искачи над 40.

Според податоци на Светската здравствена организација од новиот грип од типот А инфицирани се повеќе од 25.000 луѓе во 73 земји.


Веста е превземена од А1 телевизија.



Свинска инфлуенца
 Најчесто поставувани прашања


1. Што е свинска инфлуенца?
2. Кои се импликациите по здравјето на луѓето?
3. Каде се појавија случаи на заболување кај луѓето?
4. Како луѓето се инфицираа?
5. Дали е безбедно да се јаде свинско месо и свински производи?
6. Кои држави се зафатени со епидемии кај свињите?
7. Дали има ризик од пандемија?
8. Дали постои вакцина за заштита од свинска инфлуенца?
9. Кои лекови се на располагање за лекување?
 
Што е свинска инфлуенца?
 
Свинската инфлуенца или „свински грип“ е многу заразна акутна респираторна болест кај свињите предизвикана од еден од неколкуте вируси на свинска инфлуенца тип А. Морбидитетот има тенденција да е висок, а морталитетот низок (1-4%). Вирусот се шири меѓу свињите со аеросоли (воздушни капки) и со директен и индиректен контакт, а постојат и асимптоматски носители кај свињите. Епидемии кај свињите се јавуваат во тек на целата година со зголемена инциденца во есен и зима. Голем број држави рутински ја вакцинираат популацијата на свињи против свинска инфлуенца.
Вирусот на свинската инфлуенца најчесто се јавувува во подтипот H1N1, но и други подтипови циркулираат кај свињите (на пример: H1N2, H3N1, H3N2). Свињите можат, исто така, да се инфицираат со вирусите на авијарна инфуенца (причји грип) и сезонската инфлуенца кај луѓето како и вируси на свинска инфлуенца. Се смета дека свинскиот вирус на инфлуенца H3N2 е пренесен кај свињите од луѓето. Понекогаш свињите можат да се инфицираат со повеќе од еден вид на вирус истовремено, со што се овозможува мешање на гените помеѓу вирусите. Ова може да резултира со вируси на инфлуенца кои содржат гени од поголем број извори така наречени „ресортирани“ вируси ("reassortant"). Иако вирусите на свинскиот грип нормално се специфични за одредени животински видови и ги инфицираат само свињите, но понекогаш тие ја минуваат границата на животинскиот вид и предизвикуваат болест кај луѓето.
 
Кои се импликациите по здравјето на луѓето?
 
Повремено се пријавуваат епидеми и спорадични случаи на инфекции кај луѓето со свинска инфлуенца. Општите клинички симптоми се слични на сезонската инфлуенца но пријавените клинички манифестации се од широк распон, и тоа од асимптоматски инфекции до тешки воспаленија на белите дробови кои завршуваат ао смрт.

Бидејќи, клиничката слика на свинската инфлуенца кај луѓето се манифестира слично на сезонската инфлуенца и други акутни инфекции на горните дишни патишта, најголемиот број на заболени случајно се откриени преку надзорниот систем за сезонска инфлуенца. Лесните или асимптоматски случаи можат да не се забележат и поради тоа вистинската застапеност на оваа болест кај луѓето е непозната.
 
Каде се појавија случаи на заболување кај луѓето?
 
Со примената на Меѓународниот здравствен правилник (2005 г.)1 во 2007 година, СЗО доби известувања за случаи на свинска инфлуенца од САД и Шпанија.
 
Како луѓето се инфицираа?
 
Луѓето заболуваат од свинска инфлуенца од инфицирани свињи. Кај некои луѓе не е забележана историја на контакт со свињи или средини каде што се сместени свињите. Преносот од човек на човек се појави во неколку случаи, но беше ограничен на близок контакт и затворени групи на луѓе.
 
Дали е безбедно да се јаде свинско месо и свински производи?
 
Да. Не се покажа дека свинската инфлуенца може да се пренесе на луѓето со јадење на соодветно подготвено и зготвено свинско  месо или пак други производи од свињи. Вирусот на свинската инфлуенца се убива на температура при готвење од 160°F/70°C, а што е во согласност со општите упаства за подготовка на свинско месо и други видови месо.
 
Кои држави се зафатени со епидемии кај свињите?
 
Според Меѓународната организација за здравје на животните, свинската инфлуенца задолжително не се пријавува (OIE, www.oie.int), поради тоа меѓународната дистрибуција кај животните не е добро позната. Болеста се смета за ендемична во САД. Познати се епидемии кај свињи во Северна и Јужна Америка, Европа вклучувајќи ги Велика Британија, Шветска и Италија, Африка (Кенија) делови на источна Азија вклучувајќи ги Кина и Јапонија.
 
Дали има ризик од пандемија?
 
Најголем број луѓе, осебено тие кои немаат редовен контакт со свињи не се имуни на вирусите на свинската инфлуенца со што би ја превенирале инфекцијата со овие вируси. Доколу свинскиот вирус воспостави ефикасен пренос од човек на човек може да предизвика пандемија на инфлуенца. Тешко е да се предвиди влијанието на пандемијата предизвикана од ваков вирус: зависи од вирулентноста на вирусот, постоечкиот имунитет кај луѓето, вкрстената заштита од антитела здобиени од инфекција со сезонска инфлуенца и специфичните фактори на домаќинот. Вирусите на свинската инфлуенца може да го зголемат бројот на хибридни вируси со мешање со вирусот на инфлуенцата кај луѓето и да предизвика пандемија.
 
Дали постои вакцина за заштита од свинска инфлуенца?
 
Не. Вирусот на инфлуенца се менува бргу и е многу важно соодветното усогласување помеѓу вакцината и вирусот кој циркулира со цел да се овозможи соодветна заштитна имуност кај вакцинираното население. Поради тоа СЗО има потреба да селектира вакцинален вирус два пати годишно, и тоа еднаш за северната хемисфера во зимскиот период и за јужната хемисфера. Тековната сезонска вакцина препорачана од СЗО не содржи вирус на свинска инфлуенца. Не се знае дали вакцината против сезонска инфлуенца може да обезбеди вкрстена заштита кон тековниот вирус на свинска инфлуенца во САД и Мексико. СЗО  соработува со партнерските институции за обезбедување на понатамошен совет за употребата на сезонската инфлуенца во превенција на инфекцијата со свинска инфлуенца. Овој дел ќе биде надополнет со овозможувањето на нови информации.
 
Меѓународен здравствен правилник (2005 г.) http://www.who.int/ihr/about/en/
За предностите и штетите на антивирусните лекови кои се специфични за инфлуенца, видете на следнава Интернет страница:
http://www.who.int/csr/disease/avian_influenza/guidelines/pharmamanagement/en/index.html
 
Кои лекови се на располагање за лекување?
 
Антивирусните лекови за сезонска инфлуенца. Тие се на располагање во некој држави и ефективно ја превенираат и лекуваат болеста. Постојат две групи на овие лекови:
1. адамантани (амантадине и ремантадине)
2. инхибитори на неураминидаза (оселтамивир и занамивир)
 
Најголемиот дел од предходно пријвените случаи на свинска инфлуенца целосно оздравеа од болеста без потреба од медицинска нега и без антивируси лекови. Некои од вирусите на инфлуенца развиваат отпорност кон антивирусните лекови, со што ја ограничуваат ефективноста на хемопрофилаксата и лекувањето. Вирусите добиени од неодамнешните случаи на заболени луѓе предизвикани од свинска инфлуенца во САД беа чувствителни на остелатмивир и занамивир но резистентни на амантадине и ремантадине. Недоволни се информациите за да се препорача употреба на антивирусни лекови во превенција и лекување на инфекциите со свинска инфлуенца. Лекарите треба да донесат одлука заснована на клиничката и епидемиолошката проценка и штетите и предностите на профилаксата/лекувањето на пациентите.
За тековната епидемија на инфекција со свинска инфлуенца во САД и Мексико, на националните и локалните власти им се препорачува да користат оселтамивир или занамивир за лекување и превенција на болеста засновано на профилот на осетливост на вирусот.

Експертите во СЗО и во светот веруваат дека сега е поблиску од кога и да е до уште една пандемска инфлуенца од 1968 година кога се појави полседната од трите пандемии во минатиот век. СЗО користи серија од шест фази на пандемски алерт како систем за информирање на светот за сериозноста на заканите и за потребата од прогресивно почнување на поинтензивни активности на подготвеност.
Означените фази, вклучувајќи ги и одлуките кога да се премине од една во друга фаза ги донесува генералниот директор на СЗО.
Секоја фаза на алер е соодветна на серија препорачани активности кои ги превзема СЗО, меѓународната заедница, владите и индустријата. Промените од една во друга фаза се поттикнати од неколку фактори кои вклучуваат епидемиолошко однесување на болеста карактеристиките на циркулирачките вируси.
Во овој момент светот е во фаза 3: нов подтип на вирус на инфлуенца кај луѓето, но сеуште ефикасно и оддржливо не се шири меѓу луѓето.

 Болести слични на инфлуенца во Соединетите американски држави и Мексико

24 април 2009 година  - Владата на САД извести седум потврдени случаи кај луѓе со свинска инфлуенца A/H1N1 во САД (пет во Калифорнија и два во Тексас) како и девет сомнителни случаи. Кај сите седум случаи е потврдена лесна форма на болест слична на инфлуенца, а смо кај еден од заболените беше потребна краткотрајна хоспитализација. Не се пријавени смртни случаи.
Владата на Мексико пријави три одделни настани. Во федералната област на Мексико надзорниот систем идентификувал случаи на болест слични на инфлуенца почнувајќи од 18 март. Бројот на заболени прогресивно се зголемил во април и заклучно со 23 април има повеќе од 854 случаи со воспаление на белите дробови, во главниот град на државата. Од овие заболени 59 починале. Во Сан Луис Потоси во централно Мексико се пријавени 24 заболени со болест слична на инфлуенцата, но не се пријавени смртни случаи.
Од заболените во Мексико, 18 се лабораториски потврдени во Канада какосвинска инфлуенцаA/H1N1, а 12 од нив се генетички идентични со вирусот на свинска инфлуенца A/H1N1 oд Калифорнија.

Најголемиот дел од овие случаи се манифестираат кај здрави малди лица. Од инфлуенца норамлно заболуваат многу мали и многу стари лица, но овие возрасни групи не се значително засегнати во Мексико.
Бидејќи има заболување кај луќето со висрус на животинска инфлуенца, и поради тоа што има географско ширење во повеќе епидеми во заедниците, плус појава на заболување кај невообичаена возрасна група, сите овие настани се причина за голема загриженост.
Kарактеристиките на вирусите на оваа свинска инфлуенца A/H1N1 од ова епидемија, предходно не се детектирани кај свињитњ и луѓето. До сега карактеризираните вируси се чувствителни на оселтатамивир, но се резистентни на амантадине и римантадине.
СЗО е во постојан контакт со здравтвените власти во САД, Мексико и  Канада за подобро разбивање на ризикот кој оваа болест слична на инфлуенца го претсавува. СЗО (и ПАХО – Панамериканска здравствена организација) организираше мисии на експерти во Мексико да работат со тамошните здравствени власти. Им помага на државите членки да ги зголемат епидемиолошките активности на тере, лабораториската дијагноза и клиничкиот менаџмент на болеста. Партерите на СЗО во глобалната Мрежа за алерт и одговор се известени и подготвени да им помогнат на државите членки по нивно барање..
СЗО ја поздравува ангажираноста на САД и Мексико за нивното проактивно известување и соработката со СЗО и ќе продолжи да работи со државите членки за натамошно карактеризирање на епидемијата.

За повеќе информации контактирајте ги:

Thomas Abraham – Комуникација на англиски јазик - моб: +41 79 516 3136
E-mail:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Fadela Chaib – Комуникација на англиски и француски јазик - моб: +41 79 475 5556 E-mail:chaibf@who.int
Sari Setiogi – Комуникација на англиски и бахаса јазик - моб: +41 79 701 9467 E-mail: setiogis@who.int
Gregory Hartl – Комуникација на англиски, француски, германски и шпански јазик - моб: +41 79 203 6715
E-mail: hartlg@who.int
Aphaluck Bhatiasevi – КОмуникација на англиски, таи и хинди јазик - моб: +41 79 484 2979 ж
E-mail: bhatiaseviap@who.int

 
Изјава на директорот на генералниот директор на СЗО д-р  Margaret Аan
25 април 2009 година
 
Свинска инфлуенца
 
Како одговор на случаите со свинска инфлуенца А(H1N1) пријавени од Мексико и САД, генералниот директор на СЗО денаска одржа состанок на Комитетот за вонредни состојби за проценка на ситуацијата и обезбедување совет за нејзин соодветен одговор.
Основањетѕо на овој Комитет, кој е составен од меѓународни експерти од различни дисциплини е во согласност со Меѓународниот здравствен правилник (2005 година).
Првиот состанок на комитетот за вонредни состојби беше одржанво сабота на 25 април 2009 година.
По добивањето на податоците што се на располагање, членовите на Комитетот идентификуваа бројни недостатоци во информациите за клиничката слика, епидемиологијата и вирусолошките наоди од пријавените случаи и соодветниот одговор.
Комитетот советува дека му се потребни одговори на неколку спесифични прашања за да им се олесни работата.
Meѓутоа, Комитетот се согласи дека тековната ситуација претсавува јавно-здравствена вонредна ситуација со маѓународно значење.
Врз основа на овој совет, генералниот директор на СЗО одреди дека тековните настани претсавуваат вонредна јавно-здравтвена состојба со меѓународно значење, врз основа на Меѓународниот здравствен правилник.
За јавно-здравствените мерки, во согласност со Меѓународниот здравствен правилник, генералниот директор му препорачува на Комитетот, сите земји да го интензивираат надзорот на невообичаени појави на боести слични на инфлуенца и на тековни форми на пнеумонија.
Комитетот се согласи дека се потребни повеќе информации пред да се донесе одлука во однос на соодветноста за тековната фаза 3.

Важно да се напомени
Министерот за здравство, д-р Бујар Османи и членовите на Комисијата констатираа дека нашиот здравствен систем е веќе подготвен да одговори на предизвиците од ваков тип, со претходно изготвен оперативен план за заштита на населението од појава на пандемиски грип, како и практични упатства за делување во моментот на појава на пандемиски грип. Исто така, во државата има доволни количества лекови, лична заштитна опрема и дезинфекциони средства

Министерството за здравство препорачува да се почитуваат општите мерки, кои важат за превенција од пренесување и на други респираторни заболувања (настинка, обичен грип). Исто така потребно е да се почитуваат основните хигиенски марки, како што се:

-          
Одбегнување близок (респираторен) контакт со лица заболни од грип

-          
Покривање на носот и устата со марамче при кивање и кашлање

-          
Редовно миење на рацете со сапун и вода, посебно по кивање и кашлање

-          
Избегнување на допирање на очите и нивната слузница со раце кои претходно биле во контакт со секрет и плунка.
  • Симптомите на свинскиот грип кај луѓето се слични со симптомите на обичен грип и вклучуваат: зголемена телесна температура, кашлање,зацрвенето грло, малаксаност, главоболка, болки низ телото.Најчеста компликација е воспаление на белите дробови.
Министерството за здравство, преку Комисијата за заразни болести и Комисијата за пандемиски грип континуирано ја следат состојбата со ширење на свински грип во светски рамки ќе преземе соодветни мерки, восогласност со Оперативниот план на МЗ и препораките на СЗО.
Коментари (0)add comment

Напишете коментар
quote
bold
italicize
underline
strike
url
image
quote
quote
smile
wink
laugh
grin
angry
sad
shocked
cool
tongue
kiss
cry
намали | зголеми

busy

Следете не на:

 

Случајно избрани


Манекенска диета

|
Детоксикација на организмот. Ова е лесна, флексибилна и диета погодна за сите. Богата е со важни хранливи состојки и витамини... Види...
Со свој камен по глава

|
Поранешниот капитен на австралиската рагби репрезентација, а сега тренер на Сиднеј ростерс, Бред Фитлер се казнил денеска себе си со... Види...
Пет машки совети

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...
Дивата се враќа на сцена

|
Поп Дивата Витни Хјустон се враќа на сцената кон крајот на летото, со нов албум кој уште не е именуван.... Види...
Стриптиз

|
Прекрасно стриптиз шоу, на една прекрасна млада дама. Се надевам дека вашиот пребаруваш нема забрана за... Погледнете го видеото...... Види...
KLIKAJ.com.mk

Анкета

Мобилниот телефон најмногу го користам за:

Слушај радио Online


 

КЛИКАЈ Речник


Текст
Од:
На:

Видео на денот

Последни Наслови

  • 1

Најкликани


Северина на саем за еротика

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...
Сексот низ бројки

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...
Како најбрзо до слава

|
Девојкава најсликовито илустрира како се станува славен преку ноќ. Иако беше невозможно да дознеаме која е :) ... Види...
Топ 10 најжешки Мексиканки

|
Галерија + видео од десетте најсекси Мексиканки.... Види...
Пет машки совети

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...
KLIKAJ.com.mk

Моментално

Има 4 гости присутни