Пивка вода во пустина


Силоси ќе прават пивка вода во пустина.Концепцијата на автономни системи за производство на вода може да се примени и за мали базни станици, но и за инсталации што би биле доволно моќни да снабдуваат со вода луксузни хотели.

 

Автономни силоси, кои ќе се напојуваат со сончева енергија, би требало да почнат да се инсталираат во пустините каде што влагата од воздухот ќе ја претвараат во вода за пиење, најавуваат германски научници.Тие велат дека и во најсушните предели во светот, каде што освен кактуси нема друга вегетација, а од животинскиот свет во овие пеколни услови успеваат да преживеат само инсекти и некои видови змии, воздухот содржи одреден степен на влажност, која може да биде искористена за создавање пивка вода.За пример ја земаат израелската пустина каде што просечната влажност на воздухот изнесува 64 проценти, што значи дека во еден метар кубен има 11,5 милилитри вода.Научниците од институтот „Фрауховер“ за иновативно инженерство и биотехнологија, лоциран во Штутгарт, тврдат оти во соработка со компанијата „Логос иновејшн“ пронашле начин како да го остварат ова.

- Процесот што го откривме се темели исклучиво на обновливите извори на енергија како соларните колектори и фотоќелиите што оваа метода ја прават целосно енергетски независна. Поради ова, автономните системи што ќе бидат во облик на силоси, ќе може беспрекорно да функционираат во подрачја каде што воопшто нема електрична инфраструктура - изјави Сигфрид Егнер, директор на одделот за развој во „Логос иновејшн“.Тој додаде оти горниот дел од силосот ќе биде исполнет со заситена солена течност, која ќе ја впива влагата од воздухот. Потоа таа ќе се вшмукува во резервоар поставен на неколку метри од површината на земјата, кој ќе биде под вакуум. Енергијата добиена од соларните колектори ќе го загрева резервоарот, по што пареата ќе се кондензира. Тогаш водата ќе ја вшмукува вакуумска пумпа и преку цевки ќе ја складира во втор резервоар. По филтрацијата, кондезираната вода ќе биде употреблива за пиење.

- Концепцијата на автономни силоси може да се примени за различни типови постојки. Може да се конструираат системи за мала базна станица или инсталации што би биле доволно моќни да снабдуваат со вода и луксузни хотели. Вистинска оаза во срцето на пеколните жештини - изјави Егнер.Од институтот „Фрауховер“ соопштија дека прототипот е веќе тестиран во лабораторија при што дал задоволителни резултати. Сепак, засега нема најава кога овие инсталации ќе почнат да се вградуваат во пустините.


Текстот е превземан од дневниот весник „Дневник“

 

Коментари (0)add comment

Напишете коментар
quote
bold
italicize
underline
strike
url
image
quote
quote
smile
wink
laugh
grin
angry
sad
shocked
cool
tongue
kiss
cry
намали | зголеми

busy

Можеби сте пропуштиле:

Следете не на:

 

Случајно избрани


Повеќе наменски производи

|
Како да заштедите пари и време употребувајќи производи кои веќе ги имате, а не сте знаеле како сè можете да... Види...
Во потрага по божјата честичка

|
Магнетите, кои ги забрзуваат атомските честички, речиси една година беа на поправка.Големиот хадронски колајдер треба да биде рестартиран во септември.... Види...
BMX изум

|
Најновата и најсовремената направа за симнување на вишокот килограми, но и за .... Погледнете за што станува збор на видеото... Види...
Отвори се сезаме!!!

|
Човекот изгледа прв пат во животот се сретнува со врата која автоматски се отвара. Си почека неколку време некој да... Види...
Пролетно слабеење

|
Со доаѓањето на пролетта, почнуваат и размислувањета за летните годишни одмори.Сега е совршено време за враќање во форма.... Види...
KLIKAJ.com.mk

Анкета

Мобилниот телефон најмногу го користам за:

Слушај радио Online


 

КЛИКАЈ Речник


Текст
Од:
На:

Видео на денот

Последни Наслови

  • 1

Најкликани


Северина на саем за еротика

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...
Сексот низ бројки

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...
Како најбрзо до слава

|
Девојкава најсликовито илустрира како се станува славен преку ноќ. Иако беше невозможно да дознеаме која е :) ... Види...
Топ 10 најжешки Мексиканки

|
Галерија + видео од десетте најсекси Мексиканки.... Види...
Пет машки совети

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...
KLIKAJ.com.mk

Моментално

Има 6 гости присутни