Забава во три димензии


Годинава во киносалите низ светот ќе се емитуваат околу 30 филма, помеѓу кои и „Аватар“, на режисерот Џемс Камерон, од кого се очекува да ги популаризира 3Д-насловите.
Во потрага по нови начини со кои ќе го зголемат профитот, филмските студија се' повеќе произведуваат тродимензионални филмови, кои на киносалите им носат многу повеќе заработувачка од стандардните.Во дигиталната ера во која живееме филмската индустрија многу зависи од визуелните ефекти, поради што студијата ја зајакнаа соработката со софтверските компании со цел да создадат нов начин на забава.

- Бројката на тродимензионални филмови се зголемува секоја година, а публиката за нив плаќа повеќе отколку за обичните филмови. Приходот од овие филмови е два до трипати поголем - изјави Кимберли Маки, од американското Здружение на филмски работници и телевизиски инженери.Тој истакна оти додавањето на третата димензија на видеоматеријалите, освен добар бизнис-потег, е и прифаќање на можностите што ги нуди модерната технологија.

Првите успеси на ова поле се направени пред стотина година, додека првиот 3Д -филм бил емитуван во киносалата „Астор тиатар“ во Њујорк, во 1915 година. Слабиот интерес и недоволно развиената технологија, го одложија бумот на тродимензионалните филмови до 21 век. Дигиталната ера го унапреди општеството и 3Д-филмовите конечно ќе го добијат своето место во индустријата за забава - оцени Маки.

Годинава во киносалите низ светот ќе се емитуваат околу 30 филма, помеѓу кои и „Аватар“, блокбастер вреден 200 милиони долари на режисерот Џемс Камерон, од кого се очекува да ги популаризира 3Д-насловите.Една од првите киносали надвор од САД, која го прифати новиот тренд во филмската индустрија е „Синеворлд“. Британскиот синџир на киносали веќе инсталираше 144 3Д-проектори.Тродимензионалните филмови се голема шанса за зголемување на профитот на кината, кои не останаа поштедени од глобалната економска криза.Акциите на британската корпорација од почетокот на месецов пораснаа, откако синџирот соопшти дека благодарение на 3Д-насловите во првиот квартал го зголемил профитот за 19,1 процент.

Доказ дека постепено се случува промена на стандардите дојде од студиото „Дизни“, чие дело „Ап“ стана првиот 3Д-анимиран филм, кој го отвори фестивалот во Кан.Но, освен кон големото платно, филмските студија се' повеќе се ориентираат кон воведување 3Д-технологијата во домашната забава. Тродимензионални филмови со тек на време ќе ги заменат компакт-дисковите и уживањето во висококвалитетна слика и звук во сопствениот дом ќе стане реалност - велат од американското Здружение на филмски работници.

И софтверските компании, кои произведуваат видеоигри, не го губат чекорот со колегите од Холивуд, па најавуваат нови проекти кои ќе се базираат врз трите димензии. Денес ја имаме технологијата и можноста да создадеме широка палета на производи наменети за домашна дигитална забава - велат програмерите.

Текстот е превземен во целост од дневниот весник
„Дневник“

Коментари (0)add comment

Напишете коментар
quote
bold
italicize
underline
strike
url
image
quote
quote
smile
wink
laugh
grin
angry
sad
shocked
cool
tongue
kiss
cry
намали | зголеми

busy

Можеби сте пропуштиле:

Следете не на:

 

Случајно избрани


Портрет на кафе

|
Изработува лични портрети направени од пената во вашето кафе. Оригинален начин да се привлечат муштерии нели! ... Види...
Супер Обама

|
После епизодата со убивањето на мувата, Барак Обама се враќа да го спаси денот уште еднаш. Како глобален супер херој... Види...
Хороскопските знаци и сексот

|
Ве интересира ли како да заведете Девица, како да запалите Риба, ви откриваме каков е сексот со Водолиите и каде... Види...
Нова летна шема

|
Најчудните „летни“ обувки кои сте ги погледнале. Имаат прсти и моментално се најголем хит во Велика Британија. Ова се чевли... Види...
Џвакање коприви

|
Натпреварувањето се веќе одржува 20 години и станува интересна туристичка атракција. А се започнало со една необична кавга помеѓу двајца... Види...
KLIKAJ.com.mk

Анкета

Мобилниот телефон најмногу го користам за:

Слушај радио Online


 

КЛИКАЈ Речник


Текст
Од:
На:

Видео на денот

Последни Наслови

  • 1

Најкликани


Северина на саем за еротика

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...
Сексот низ бројки

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...
Како најбрзо до слава

|
Девојкава најсликовито илустрира како се станува славен преку ноќ. Иако беше невозможно да дознеаме која е :) ... Види...
Топ 10 најжешки Мексиканки

|
Галерија + видео од десетте најсекси Мексиканки.... Види...
Пет машки совети

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...
KLIKAJ.com.mk

Моментално

Има 5 гости присутни