Каков татко сте?


Каков татко сте вие? Овде ќе се обидеме да ги дефинираме најчестите татковски грешки во однос на нивните синови.

„Кога имав 14 години мислев дека татко ми е будала, но на 16 години увидов дека се поправил„-оваа изјава на американскиот писател Марк Твен, сигурно ви измами насмевка на лицето.

Постојаниот судир меѓу татковците и синовите постои од памтивек. Многу истражувачи тврдат дека тоа потекнува од едипалната фаза на малото момче, во која детето ја сака мајката само за себе (од 3-тата до 5-тата година), посакува исчезнување на таткото и изразува агресивност кон него. Подоцна, кога ќе согледа дека таткото е силна фигура, се обидува да му се приближи и така заедно да имаат „право„ на мајката.

Татко-алкохоличар

Можеби најголема траума кај децата создава таткото кој повремено или постојано се опива. За жал, такви татковци има многу. Детето никогаш не е сигурно дали од таткото ќе добие прекор, ќотек или сепак, ќе биде нежно помилувано. Но, однесувањето на такото-алкохоличар најчесто не може да се предвиди – за жал, малку има мирни алкохоличари. Најчесто се случува, доколку синот е повозрасен, да се обиде да ја заштити мајката од насилничкото однесување кон неа, па понекогаш дури и влегува во тепачка со сопствениот татко.

Интересен е фактот дека многу политички и воени лидери (Тито, Хитлер, Сталин) имале татковци-алкохоличари. Оттука, секако, може да се заклучи дека тие не случајно добиле желба да станат „татковци на нацијата„. Во неможност да го изградат сопствениот идентитет според постојано агресивниот татко, ваквите деца тргнуваат во потрага по замена: идоли им стануваат јавни личности, спортисти, актери, криминалци. На пр.Тито се срамел од татко си Фрањо, Хитлер го мразел татко си Алојз, а Сталин најпрвин се плашел, а потоа го презирал својот татко, чевларот Висарион.

Досаден татко

Повеќето адолесценти се убедени дека нивниот татко е досаден човек кој постојано нешто се буни и сè му пречи.
Ако се снимат себеси, повеќето татковци ќе се уверат дека постојано, како на лента, ги повторуваат речениците: „цел ден си по улици„ – „од тебе тешко дека ќе биде нешто„ – „јас на твои годни...„ итн.
Секако, синот не ги слуша овие стереотипни пораки, а ако тие се повторуваат со години, синот разработува силна „одбрана„: како на телефонска секретарка, тој ги брише овие реченици од умот и тие на него немаат никаков педагошки ефект.
Затоа, променете го стилот: дајте му личен пример на детето, прејдете на дијалог во кој нема да биде само „јас па јас„.

Улога на таткото

Американскиот психијатар Томас Гордон понудил решение за овие проблеми, засновано на неколку едноставни принципи:
кога ќе станете татко, не би требало да престанете да бидете личноста од порано. Повеќето мажи тоа го прават, најчесто како што со него се однесувал неговиот татко додека бил малечок.

Но, сега се други времиња и никој не мисли дека таткото кој се однесува „студено„ и како „авторитет„, е вистински рецепт за воспитување на машкото дете.

Томас Гордон советува: бидете онакви какви што сте-ако сте лути, покажете го тоа, прекорете го детето ако згрешило. Ако чувствувате дека треба да покажете нежност – покажете ја, не ги кријте чувствата. Ослободете се од стравот дека покажувањето на вистинските емоции (лутина, бес, страв), ќе му штети на вашиот „педагошки„ углед.
Подобро е да бидете автентична личност која покажува што доживува во себе, отколку „покер-лице„ кое глуми студенило, а внатре му се „превртува„ утробата.
Не е потребно секогаш да се согласувате со мајката во поглед на некој спор: направете го она што сметате дека е правилно.

Некогаш, за време на Втората светска војна, низ градовите биле излепени плакати: „Молчете, ве слушаат непријателски уши„. Нешто слично треба да има на ум секој татко: детето многу добро и точно ја погодува вашата внатрешна состојба (на основа на интонација на гласот, начин на одење, израз на лице), а вие верувате дека сте успеале да ја потиснете или сокриете. Ако детето смета дека треба нешто да ви каже, најдете време да го сослушате.

Сослушајте го вашето дете

Повеќето мажи и жени не умеат да слушаат: сакаат нивниот збор да биде последен, се уфрлуваат, нестрпливи се...
Нешто слично се случува, секако, и со татковците: доколку детето сака нешто да му каже (не ја сакам математиката, досадно ми е на курсот по германски...), таткото веднаш почнува со: „Јасно ми е мене, едноставно си мрзлив...тешко дека ќе биде нешто од тебе„.

Детето тогаш ќе замолчи навредено, се повлекува, подоцна нема да ги каже сопствените стравови и проблеми, бидејќи искуството го научило дека секогаш ќе наидува на истите стереотипни фрази и прекори.
Затоа, наместо монолог воспоставете дијалог, но на рамноправни личности, а не базиран на посилна и послаба страна, во која едниот само ќе слуша и ќе се согласува.

Запомнете – Фројд рекол: „Да се биде родител-тоа е најтешката работа на светот.“ Треба да му се верува-тој бил родител на 6 успешни деца.

Коментари (0)add comment

Напишете коментар
quote
bold
italicize
underline
strike
url
image
quote
quote
smile
wink
laugh
grin
angry
sad
shocked
cool
tongue
kiss
cry
намали | зголеми

busy

Можеби сте пропуштиле:

Следете не на:

 

Случајно избрани


U2 барања

|
Пред концертите менаџерскиот тим на најголемиот светски рок бенд ја посети Хрватска за да ги разработи деталите за настанот.... Види...
Федерер ја смени историјата

|
Швајцарецот Роже Федерер влезе во историјата на тениската игра. Ја освои 15 гренд слем титула, го престигна Американецот Пит Сампрас... Види...
После победа гратис порно

|
За секоја победи играчите добиваат по два најнови порно филмови! Фудбалскиот клуб FC Kopenhagen оваа година на многу оригинален начин... Види...
Парис во Мадрид

|
Светските таблоиди јавуваат дека Парис Хилтон се сели во Мадрид за да биде поблиску до Роналдо. Но тој не мисли... Види...
Сексот низ бројки

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...
KLIKAJ.com.mk

Анкета

Мобилниот телефон најмногу го користам за:

Слушај радио Online


 

КЛИКАЈ Речник


Текст
Од:
На:

Видео на денот

Последни Наслови

  • 1

Најкликани


Северина на саем за еротика

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...
Сексот низ бројки

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...
Како најбрзо до слава

|
Девојкава најсликовито илустрира како се станува славен преку ноќ. Иако беше невозможно да дознеаме која е :) ... Види...
Топ 10 најжешки Мексиканки

|
Галерија + видео од десетте најсекси Мексиканки.... Види...
Пет машки совети

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...
KLIKAJ.com.mk

Моментално

Има 4 гости присутни