Масажа за здравје


Масажата е една од најстарите форми на лекување. Кинезите имаат документи стари повеќе од 3000 години во кои се споменува масажата. Исто така, Индијците, Персијанците и Египќаните користеле различни форми на масажа при лекување на болестите.

Дури и Хипократ во своите записи препорачувал да се користи допир и триење за проблеми со циркулацијата и болки во зглобовите.

Денес, масажата е важен сегмент на многу програми за рехабилитација и е докажана при лекување на различни хронични заболувања, како на пр.: болки во половината, артритис, исцрпеност, висок крвен притисок, дијабетис, намален имунитет, неплодност, кризи при откажување од цигари, депресија и многу други.

Постојат повеќе од 250 техники на масажа кои вклучуваат допир, притисок, вибрации, размесување или удирање по мускулната маса или мекото ткиво на телото. Се користат и масла, лосиони и пудри со цел да се намали триењето на кожата.

И како што многу од нас имаат почувствувано, масажата го намалува стресот што го создава секојдневието, а со тоа помага да се бориме со најголемиот проблем на денешницата - дебелината.
Имено, стресот прави масните наслаги да се складираат онаму каде што најмалку сакате – на стомакот. Со масажата ќе го намалите стресот и килограмите – на најрелаксиран можен начин. Ако пак сметате дека масажата е непотребен луксуз во Вашиот животен стил, еве зошто треба да го смените мислењето:
Стресот го произведува хормонот кортисол кој кога е насобран, освен што ги оштетува меките ткива и нервите, го поттикнува и создавањето на инсулин. Можеби малку инсулин звучи безопасно, но токму тој му „кажува“ на телото да складира маснотии во абдоменалниот дел.

Против котисолот можете да се борите на тој начин што ќе го потрошите со фитнес вежби (кои исто така силно Ви ги препорачуваме) или ќе го намалите неговото производство со тоа што ќе се релаксирате (на пр. со масажа).

Но, складирањето на маснотиите не е единственото зло од продукцијата на инсулин – оттаму доаѓа и потребата за внесување на висококалорична храна, полна со шеќери. Значи, стресот освен што прави да складирате маснотии, прави и да јадете храна која лесно се претвора во маснотии.
Токму затоа, со масажа ќе ги намалите и постојаните нагони за „благо“ и „грицки“.

И на крајот, допирот и притисокот при масажата ја поттикнуваат циркулацијата на крвта, го забрзуваат метаболизмот и ги опуштаат мускулите. На тој начин, Вие лесно можете да ја одржувате својата килажа, да ги тонирате мускулите и се разбира - да изгледате одлично.

Коментари (0)add comment

Напишете коментар
quote
bold
italicize
underline
strike
url
image
quote
quote
smile
wink
laugh
grin
angry
sad
shocked
cool
tongue
kiss
cry
намали | зголеми

busy

Можеби сте пропуштиле:

Следете не на:

 

Случајно избрани


Бикини автоперална

|
Овие згодни девојки во биќини ќе ви го исперат автомобилот бесплатно но само под еден услов, ако вашиот автомобил има... Види...
iPikaso

|
Сликањето на iPhone е новина која брзо стана популарна ширум светот. Луѓето додека се возат на работа си цртаат на... Види...
Северина на саем за еротика

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...
Боливуд повторно напаѓа

|
Овој пат со музика или подобро речено, музички видеа.Нема друг коментар, мора да се види за да се знае. Мајкл... Види...
Пази Бомбааа, упс!

|
Војникот имаше голема среќа зошто гранатата не беше вистинска бидејќи заврши... Погледнете!!! ... Види...
KLIKAJ.com.mk

Анкета

Мобилниот телефон најмногу го користам за:

Слушај радио Online


 

КЛИКАЈ Речник


Текст
Од:
На:

Видео на денот

Последни Наслови

  • 1

Најкликани


Северина на саем за еротика

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...
Сексот низ бројки

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...
Како најбрзо до слава

|
Девојкава најсликовито илустрира како се станува славен преку ноќ. Иако беше невозможно да дознеаме која е :) ... Види...
Топ 10 најжешки Мексиканки

|
Галерија + видео од десетте најсекси Мексиканки.... Види...
Пет машки совети

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...
KLIKAJ.com.mk

Моментално

Има 5 гости присутни