
Со доаѓањето на пролетта, почнуваат и размислувањета за летните годишни одмори.Сега е совршено време за враќање во форма.
Доколку сакате да го направите тоа на здрав, сигурен и ефикасен начин, следете ги овие 10 совети и ова лето ќе се гордеете со своето фит тело!
1. ДВИЖЕТЕ СЕ!
Токму така! Станете и почнете да се движите! Обезбедете си барем 15 минути кардиоваскуларна вежба во денот - без разлика дали се работи за пешачење, трчање, пливање или вежбање на елиптична справа. На тој начин ќе си обезбедите подобро здравје, а ќе ги „изгорите“ вишокот калории.
2. ЗАБОРАВЕТЕ НА ВАГАТА!
Дали поради вишокот на килограми сте опседнати со килограмите, па постојано се мерите и премерувате? Измерете се сега и потоа ставете ја вагата да отстои во плакарот неколку месеци. Вагите можат да бидат неточни, па дури и да Ве залажат.
3. СПРОТИСТАВЕТЕ ИМ СЕ НА МАСНОТИИТЕ И ТИЕ ЌЕ ИЗГУБАТ!
Вишокот на маснотии освен што го прави Вашиот изглед неатрактивен, може и многу да го загрози Вашето здравје. Она што е потребно е да го измерите процентот на маснотии со помош на шестар за мерење на телесни маснотии (можете да го најдете кај некои доктори, нутриционисти и фитнес тренери) и крвна слика. Процентот на масни наслаги е многу поточен индикатор за Вашето здравје отколку телесната тежина.
3. МИСЛЕТЕ ПРВО НА СВОЕТО ЗДРАВЈЕ
Наместо на својот изглед, концентрирајте се на здравјето. Умереното (и континуирано) вежбање и правилната исхрана значително ги намалуваат ризиците по здравјето и прават да се чувствувате одлично. А штом така се чувствувате, така и ќе изгледате!
4. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГИ БРЗИТЕ И „ВОЛШЕБНИ“ ДИЕТИ
Ако нешто Ви звучи премногу добро за да биде вистинито, тогаш сигурно е лага! Практикувањето на диети препишани од колешките и комшиките може сериозно да Ви наштети. Затоа, за секој план на исхрана консултирајте се со доктор или нутриционист и ќе ги избегнете негативните последици како исцрпеност, нарушен метаболизам, анемија... А да не го заборавиме и разочарувањето кое ќе го доживеете по два, три месеци кога ќе ги вратите 20-те „лесно“ изгубени килограми.
5. НАМАЛЕТЕ ГИ ГАЗИРАНИТЕ ПИЈАЛОЦИ И ЗАШТЕДЕТЕ
Газираните безалкохолни пијалоци Ви носат многу непотребни (и скапи) калории. Ако пиете вода наместо некоја „кола“ освен што ќе направите добро за своето здравје, ќе заштедите и до 30 денари секој ден. Годишно тоа се 10.000 денари повеќе и 100.000 калории помалку! Со оваа заштеда можете да си дозволите прекрасна гардероба за Вашето прекрасно витко и здраво тело.
6. БИДЕТЕ АКТИВНИ... БИДЕТЕ УМНИ
Правилната исхрана и вежбањето одат заедно. А без едното или без другото нема успех. Затоа, ако сте пешачеле 30 минути, не значи дека треба веднаш да се почестите со половина килограм сладолед!
7. НАМАЛЕТЕ ГИ КАЛОРИИТЕ
Во денешно време се конзумираат премногу калории. И тоа е тоа. Во рестораните за брза храна се продаваат огромни сендвичи, пици, пастрмајлии, по полиците во продавниците има секакви чоколади, чипсови...и што уште не. А слабеењето е проста математика со калориите. Затоа, внимавајте колку калории сте внеле (преку храна) и колку сте потрошиле (преку физичка активност). Или наједноставно – кога имате избор, одберете ја помалата порција.
8. ИСТЕЕЕЕГНЕТЕ СЕ ДО УСПЕХОТ
За повеќето луѓе зимата е најпасивното време од годината. И сосема е нормално што не можете веднаш да се активирате и да го дадете својот максимум. Затоа, започнете полека и тоа со вежби за истегнување. Практикувајте вежби за истегнување барем една недела пред првиот фитнес тренинг и ќе ги избегнете болките во мускулите.
9. ИЗЛЕЗЕТЕ ВО ПРИРОДА
За вистински да ја почувствувате промената во природата (што е исто така и одлична мотивација за Вашата промена) потребно е да поминувате повеќе време надвор, а помалку дома или во автомобилот. Можете да планинарите или да возите велосипед... можете да појдете на излет (тука се подразбира и подготвување на скара). Вообичаените плескавици и кобасици заменете ги со лосос, печурки и зеленчук на скара. Верувајте, ќе бидете позитивно изненадени!
10. НА КРАЈОТ ЗАПОМНЕТЕ: ЗДРАВЈЕТО ДОАЃА ОД СЕМЕЈСТВОТО
Како што стресот, неправилната исхрана, физичката неактивност и недоволното спиење стануваат секојдневие, така се зголемува и проблемот со прекумерната тежина – особено кај помладата генерација. Токму затоа, од огромно значење е едукацијата за овој проблем и тоа најпрвин во рамките на семејството. Кога сте со своите деца, обрнете внимание на развојот на здравите навики – едуцирајте ги Вашите деца, но и себе. Наместо брза храна, одберете зеленчук и овошје, исклучете ги телевизорот и компјутерот и излезете надвор. Бидете активни, бидете здрави. Направете го тоа заедно!
Коментари (0)

Напишете коментар

Случајно избрани
KLIKAJ.com.mk
Виновен

|
Крис Браун се изјасни виновен на судењето, по повод нападот врз Ријана на 8 Февруари. Изјаснувањето следеше по постигнатиот договор... Види...

|
Крис Браун се изјасни виновен на судењето, по повод нападот врз Ријана на 8 Февруари. Изјаснувањето следеше по постигнатиот договор... Види...
Турција во шок

|
Единаесет годишно девојче се обеси поради сладолед, а дванаесет годишно ја уби својата мајка!... Види...

|
Единаесет годишно девојче се обеси поради сладолед, а дванаесет годишно ја уби својата мајка!... Види...
Зарем и долна облека?!

|
Секој нов додаток за IPhone се чека со нетрпение. Најновото од компанијата Apple е поврзано со модата, но и со... Види...

|
Секој нов додаток за IPhone се чека со нетрпение. Најновото од компанијата Apple е поврзано со модата, но и со... Види...
Почина Мајкл Џексон

|
Поп гигантот Мајкл Џексон, кој уште како дете ја освои сцената на светот со своите песни и играње веќе со... Види...

|
Поп гигантот Мајкл Џексон, кој уште како дете ја освои сцената на светот со своите песни и играње веќе со... Види...
Тивки дискотеки

|
Во Британија, ново диско лудило ги презема подиумите за играње, звукот на тишината!... Види...

|
Во Британија, ново диско лудило ги презема подиумите за играње, звукот на тишината!... Види...
Анкета
Мобилниот телефон најмногу го користам за:
Слушај радио Online
|
КЛИКАЈ Речник
|
|
Последни Наслови
-
Слатка одмазда Еден оператор на кран разбрал дека...
-
Нова мода на слушалки Ви претставуваме галерија со 15 модели...
-
BMX изум Најновата и најсовремената направа...
-
Кај ми отиде другарчето?!? Имате автомобил со силен мотор, сакате...
-
Компилација незгодни случувања Ви претставуваме компилација од Најнезгодните...
- 1
Најкликани
KLIKAJ.com.mk
Северина на саем за еротика

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...
Сексот низ бројки

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...
Како најбрзо до слава

|
Девојкава најсликовито илустрира како се станува славен преку ноќ. Иако беше невозможно да дознеаме која е :) ... Види...

|
Девојкава најсликовито илустрира како се станува славен преку ноќ. Иако беше невозможно да дознеаме која е :) ... Види...
Пет машки совети

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...
Моментално
Има 5 гости присутни



