Сауна


Вистинскиот начин да ги освежите телото и духот.Првично и најмногу на сауната треба да се гледа како на ефикасен начин за релаксација и освежување.

Докажано, придонесува полесно да се справувате со секојдневниот стрес, Ви ја обновува енергијата и обезбедува мир за умот и телото.
Но, благодетите од сауна третманот се многубројни. Издвоивме неколку од значајните ефекти за здравјето, особено за оние од Вас кои досега никогаш не ја пробале сауната.

10 до 20 минутната сауна го зголемува пулсот за 50-75%. Ова е исто како при интензивна физичка активност.
Делува на крвниот притисок и циркулацијата. За време на сауната, крвните садови се шират, со што се зголемува протокот на крвта и таа побрзо доаѓа до екстремитетите.

Зголемената циркулација значи и зголемено движење на хранливите материи до површинското ткиво. Резултатот е здрава и блескава кожа.
Потењето има прочистувачки ефект и посебно делува на најголемиот човечки орган – кожата. Дури 30% од непотребните материи се исфлаат преку кожата. Сауната ги отвора порите, го зголемува потењето, а со тоа врши комплетна детоксикација на телото.

Кога сте во сауна, температурата на кожата се зголемува до 40°C, а внатрешната температура на телото до 38°C. Ова за организмот е еден вид на вештачка грозница. Еве како со овој ефект Вашето тело станува поздраво: грозницата е дел од процесот на природно заздравување и го стимулира имунолошкиот систем со што придонесува за зголемено создавање на антитела, бели крвни зрнца и интерферон (антивирусен протеин со способност за борба против канцерот).

Сауната во комбинација со масажата ефективно го намалува целулитот.
Доброто препотување ги отстранува и симптомите на настинка и грип.

Како останати благодети поврзани со сауната ќе ги наведеме:

Ослободување од вкочанетоста и болките предизвикани од артритис.
Помош при лекување на респираторни проблеми: бронхитис, ларингитис, синуситис...
Релаксирање на уморните и згрчени мускули по физичка активност.

Прв пат во сауна? Еве што треба да знаете и правите!

Соблечете се, истуширајте се, исушете се и влезете (носејќи единствено крпа) во сауната. Првичното непријатно чувство предизвикано од топлината брзо исчезнува штом ќе се навикнете. Затоа започнете со покуси временски периоди – на пр. со 4 минути. По неколкуте минути внатре излезете и истуширајте се со поладна вода. Повторно влезете и останете подолго. Потоа, излезете, истуширајте се повторно, одморете се и облечете се.

Оние кои страдаат од некакво заболување претходно треба да се консултираат со својот доктор.

Дали сауната истоштува?

Доколку ја практикувате онолку колку што е препорачано, сауната ќе направи да се чувствувате посвежи и повитални.


Дали топлината ја оштетува кожата?
Не, сосема спротивното! Сауната го забрзува метаболизмот, го зајакнува имунитетот и помага при обновувањето на клетките на кожата.

Дали сауната им штети на бремените жени?

Со само 2 минути во сауна, се подобрува забавениот метаболизам од бременоста. Но како и за сé останато, бремените жени прво треба да се консултираат со својот доктор.

Уживајте во омилената арома

Веднаш по сауната, порите се отворени и кожата е во одлична впивачка состојба. Затоа, тоа е вистинското време да го нанесете антицелулитниот гел или пак да уживате во миризлива купка со морски минерали. Одберете ја својата арома...еукалиптус, ванила, лаванда, кокос....и поминете го денот уживајќи во неа.
Коментари (0)add comment

Напишете коментар
quote
bold
italicize
underline
strike
url
image
quote
quote
smile
wink
laugh
grin
angry
sad
shocked
cool
tongue
kiss
cry
намали | зголеми

busy

Можеби сте пропуштиле:

Следете не на:

 

Случајно избрани


Новата Omnia II пристигна

|
Самсунг го претстави наследникот на култната Omnia i900, со подобрен изглед и перформанси, наследникот може да го засени својот предходник... Види...
iPikaso

|
Сликањето на iPhone е новина која брзо стана популарна ширум светот. Луѓето додека се возат на работа си цртаат на... Види...
Турција во шок

|
Единаесет годишно девојче се обеси поради сладолед, а дванаесет годишно ја уби својата мајка!... Види...
Најбрзата автоперална

|
Како да го исперете вашиот автомобил за само неколку секунди! ... Види...
Airbus A340-600

|
Целиот процес на производство на Airbus A340-600 во само 340 секунди.... Види...
KLIKAJ.com.mk

Анкета

Мобилниот телефон најмногу го користам за:

Слушај радио Online


 

КЛИКАЈ Речник


Текст
Од:
На:

Видео на денот

Последни Наслови

  • 1

Најкликани


Миреен...миреен...!

|
Не знам какви мисли му се вртат низ главата на ова куче, ама веднаш треба да му се најде девојка.... Види...
Северина на саем за еротика

|
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на... Види...
Сексот низ бројки

|
Сексот е љубов, страст, задоволство, а не бројки, но сепак е интересно да се ѕирне во некои статистики кои многу... Види...
Како најбрзо до слава

|
Девојкава најсликовито илустрира како се станува славен преку ноќ. Иако беше невозможно да дознеаме која е :) ... Види...
Пет машки совети

|
Главна улога во одржувањето на добро здравје и добар сексуален живот има хормонот тестостерон. Овој хормон дава енергија, вашето либидо... Види...
KLIKAJ.com.mk

Моментално

Има 3 гости присутни